среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 54

Бриселската населба Моленбек-Сен Жан ќе се „чешла куќа“ по куќа

policija

Поврзани вести

Заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Белгија, Јан Јамбон, порача дека ќе се проверува „куќа по куќа“ во бриселската населба Моленбек-Сен Жан, по денешната одлука да се зголеми нивото на закана од тероризам на највисокиот четврти степен во целиот регион Брисел, што значи дека заканата од терористички напад е „сериозна и неизбежна“.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, информацијата дека најбараниот терорист во Европа, Салех Абдеслам, кој учествувал во терористичкиот напад пред една недела во Париз кој однесе 129 човечки жртви, се крие и движи во бриселската населба, која важи за легло на исламските радикали, придонесе белгиските специјални безбедносни сили да започнат детална истрага на овој реон.
– Сакаме да ја контролираме секој адреса во Моленбек-Сен Жан. Ова е во согласност со неопходните чекори за да се реши проблемот со радикализацијата во оваа општината во Брисел, посочи министерот Јамбон.
Откако нивото на тревога е издигнато на максимално ниво, ниво четири во регионот Брисел, тоа значи дека заканата е „сериозна и неизбежна“ во 19 општини на Брисел плус градот Вилворд, каде живее голема популација на македонски иселеници. Во моментов, детално се „чешлааат“ населбите Моленбек-Сен Жан и Андерлехт, каде последно е забележан Абдеслам, додека поради тоа што се забележани шестмина лица како се движат во црни облеки, полициска опсада има и на населбата Порт де Намур, која е на стотина метри од Европскиот парламент.
Координативното тело за анализа и закана на Белгија, испрати конкретни советите до населението на Брисел, а тоа се да избегнуваат места со висока концентрација на луѓе во регионот Брисел (концерти, големи настани, железничките станици и аеродромот, јавниот превоз, места од висока комерцијална концентрација итн). Исто така, од граѓаните се бара да им олеснуваат на лицата што спроведуваат контрола за безбедноста, да не веруваат и да не шират гласини, туку да ги чекаат официјалните информации од власта и од полициските служби и пораките од Владата.
Според белгискиот шеф на полицијата Јамбон, сепак, целата концентрација на полициските потраги е насочена на Моленбек, каде според него е „неприфатливо дека белгиската држава не знае кој се се наоѓа на територијата на таа општина“. Тој посочи дека во оваа општина позната како легло на исламските радикали, постојат два апартмани каде што најмалку по десет лица се официјално регистрирани дека живеат“.
Токму поради тоа, заменик-премиерот на Белгија се залага за контрола куќа по куќа.
– Полицијата и општинската администрација мора да одат и ќе тропнат на секоја врата, за да видат и прашаат кој се всушност живее таму. Оваа контрола е наша должност, како и тоа да го „протресеме“ целиот Моленбек, што не е само репресивна алатка за да се подобри ситуацијата, истакна министерот Јамбон.
Инаку, федералната влада на Фландрија, една од трите федерални региони во Белгија со главен град Брисел, го назначи Јамбон, кој доаѓа од фламанската национална партија “Н-ВА” за координатор на ситуацијата во Моленбек-Сен, додека извршната белгиска власт сака да вложи дополнителни напори да се разбие врската меѓу Моленбек и сите радикални исламисти, поради фактот што од вкупно 130 странски борци во рамки на така наречената Исламска држава во Сирија и Ирак, пристигнати од Белгија, дури 85 се со адреса на живеење во Моленбек.
Поради оваа ситуација, Белгиската фудбалска федерација ги одложи сите натпревари од Првата и Втората лига, а и останатите спортски федерации ги откажаа настаните што беа планирани за викендов.

Најчитани вести