Бришкоска-Бошковски: Се зголеми ефикасноста и професионализација на судството

Билјана Бришкоска-Бошковски,  заменик-министерката за правда, укажа на важноста на правосудниот систем и потенцираше дека со неодамна воведените законски измени се зголеми ефикасноста и професионализација на судството.

Во изминативе години правосудството е постојано под директен атак од страна на оние кои само декларативно се залагаат за нивната независност. Бројни се примерите во изминатите години за влијанија и притисоци врз правосудните институции. Целта на ваквите напади од една страна е заплашување на судиите и јавните обвинители и од друга страна да се одвлече вниманието од реформите кои се прават во оваа област. Јасна е споредбата помеѓу нивното правосудство како и правосудството после 2006 година. Во периодот на 2006-2016 год донесовме многу законски измени. Особено имаме голем успех во делот на измените во Законот за академија за судии и јавни обвинители во насока на зголемување на квалитетот и професионализацијата на кандидатите за судии и јавни обвинители. Како илустрација, на почетокот имавме многу скептици и противници за утврдување на високи критериуми во делот на кандидатите коишто ќе бидат селектирани за судии и јавни обвинители. Во 2013 година за 13 места за кандидати за судии и јавни обвинители имавме 15 пријавени, меѓутоа во однос на 6 генерација, односно огласот кој се објави пред два месеци, за огласот за 30 места за кандидати за судии и јавни обвинители се пријавија 86 кандидати, од кои 64 кандидати ги исполнуваа условите и се уште се во фаза на селекција согласно критериумите кои се утврдени во законот, како и полагањето на двата вида на испити кои се предвидени со цел да се селектираат најдобрите кадри коишто понатаму ќе бидат остручени да ја вршат функцијата судија, односно јавен обвинител. Го воведовме системот на кариера, односно унапредувањето од понизок  на повисок суд, како еден од основните предуслови во делот на независноста на судството и исто така со низата законски измени се зголеми ефикасноста и професионализација на судството. Во делот на независноста на судството само можам да потенцирам дека согласно нашите законски надлежности ги имаме поставено основните постулати коишто се потребни за независноста на судството согласно меѓународните стандарди во оваа сфера и многу е битно да се потенцира на важноста на улогата на судиите и нивната истрајност во овој период да истраат во однос на сите притисоци кои постојано се вршат врз нив, изјави таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.