Британците испратија дополнителни полициски сили во Франција за ЕП 2016

Велика Британија испрати дополнителни полициски сили што ќе бидат распоредени во француските градови Лил и Ланс.

Полицијата е распоредена за да се зголеми безбедноста по инцидентите меѓу навивачите на фудбалските репрезентација на Англија и Русија за викенд во Марсеј.

Фудбалската репрезентација на Англија ќе се сретне со Велс во четврток, на само 30 километри од Лил, каде еден ден порано ќе се одигра мечот меѓу Русија и Словачка.

Шефот на британската полиција задолжен за фудбал Марк Робертс рече дека дополнителните полициски сили се веќе распоредени во Лил и во Ленс и дека ќе соработуваат со француските колеги во операциите.

Пом еѓу Лондон и Лил има директна железничка линија, па се очекува дека голем број Британци ќе допатуваат на натпреварите на ЕП во Франција.

Робертс на навивачите им порача да не реагираат на провокации и во таков случај веднаш да побараат помош од полиција.