Свет

Британец го препознал синот џелат во ИД

Британец го препознал синот џелат во ИД

Британец тврди за медиумите дека најверојатно неговиот син кој е студент по медицина се наоѓа во редовите на џелатите на џихадистичката организација „Исламска држава“ кои ги обезглавија сириските војници и американскиот заложни Питер Касиг.

naserrr

Ахмед Мусана смета дека го препознал неговиот син Насер Мусана во видеото кое беше објавено.

На видео снимката се гледа група од 16 џихадисти кои ги обезглавуваат сириските војници, за кои се тврди дека се пилоти и офицери, лојални на режимот на Башар ал Асад.

Таткото Ахмед за Дејли меил изјавил дека не е сигурен дека тоа е неговиот син.

-Тој треба да се плаши од Алах затоа што убивал луѓе. Како мисли да се исправи пред Алах по убиствата, вели Ахмед Мусана.

ИД досега објави записи од обезглавувањето на двајца американски и двајца британски заложници. На тие кадри се гледаше маскиран и облечен во црно џихадист кој мавташе со нож и говореше со британски акцент, кој британските медиуми го нарекоа „Џихади Џон“. Во новиот запис поголемиот дел од џелатите се без маски, а мажот за кој се тврди дека е Насер стои веднаш до „Џихади Џон“.