Британец осуден за бигамија

Четириесет и тригодишниот Британецот Адријан Лијам е осуден на четири ипол месеци затвор поради бигамија.

Причината за тоа е што се оженил со девојката со која ја изневерувал сопругата цели три години и на крај судбоносното да и го кажал на истата плажа на која го поминал медениот месец со својата законска сопруга.

За сето тоа време неговата сопруга Лиз (37) не се сомневала во ништо мислејќи дека нивната љубов цвета и дека во нивниот брак се е во најдобар ред.

Меѓутоа Адријан водел двоен живот за кој неговата сопруга немала поим. Тој со својата љубовница Хејли се оженил на истата плажа на која на вечна љубов и се заколнувал на неговата сопруга. Неговата Лиз го открила неговото неверство кога ги видела свадбените фотографии на Фејсбук. Адријан ја изневерувал со години, а водел двоен живот така што ја лажел дека оди во Бристол да држи часови по нуркање. А таму всушност живеел со Хејли.

Тие се венчале иако Адријан бил веќе во брак, а Лиз доживеала шок кога добила писмо од својата свекрва во кое таа и пишува дека многу и е жал што таа и нејзиниот син се разделиле.

Изневерената Лиз веднаш почнала да пребарува во Фејсбук и имала што да види. Ужасот да биде поголем Адријан дури го имал истиот кум како и на првата венчавка. И на него му кажал дека се развел.

Иако е осуден неговата „втора“ сопруга е покрај него, а првата се уште е во шок.

– Верував дека такви работи се случуваат само на филм, а не во реалниот живот, особено не на мене. Сега веќе никому не му верувам – изјавила Лиз за британските медиуми.

Адријан веќе еднаш бил разведен. Тој се развел и се оженил со Лиз на која и велел дека многу ја сака иако во исто време живеел со друга жена која не знаела дека е оженет.

Работата да биде полоша тој негирал дека е на фотографиите од венчавката. Меѓутоа тоа не било доволно објаснување и Лиз го пријавила во полиција. Филмот и пукнал кога дознала дека утрото кога доживеала спонтан абортус, нејзиниот сопруг заминал кај Хејли.