Британија денес отвара јавна истрага за смртта на Литвиненко

Во Британија денес се отвара „јавна истрага“ за смртта на поранешниот руски агент Александар Литвиненко, соопштено е во Лондон.

Судијата Роберт Овен денеска официјално ќе го соопшти отварањето на истрагата која ќе трае до крајот на наредната година.

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј неодамна ја најавила истрагата, што претставува пресврт во претходната одлука на владата во Лондон да не ја спроведе таа постапка.

„Искрено се надевам дека таа истрага ќе и понуди утеха на вдовицата“ на Литвиненко, кој умрел во Лондон 2006 од последици од труење со радиоактивен полониум, рекла министерската.

Marina Litvinenko

Најавата за истрагата е објавена во моментот кога растат тензиите во односите со Русија заради спорот околу кризата во Украина, како и соборувањето на патничкиот авион над областа на судири меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

Британската влада до сега одбивала да спроведе полна „јавна истрага“ за смртта на Литвинјенко која би овозможила притсап на доверливи документи, што долго го барала неговата вдовица Марина.

Британскиот Висок суд претходно оваа година пресудил дека владата мора да ја разгледа својата одлука да поведе истрага за тој случај.

download (1)

Во јули 2013 година, Тереза Меј признала дека дипломатијата е еден од факторите во одлуката на Лондоин да не се откаже од јавната истрага.