Британија го затвора Гардијан поради Сноуден?

Британската тајна служба се заканиле дека ќе го затвори британскиот дневен весник „Гардијан“ поради објавување на документи за американската масовна програма за шпионажа која што до весникот ја испрати поранешниот разузнавач Едвард Сноуден.

„Ни се закануваат дека ќе не затворат. Обвинети сме за загрозување на националната безбедност и животот на луѓето. Тоа не’ става во мошне тешка положба“, рекол заменикот на главниот уредник на „Гардијан“, Пол Џонсон.

На главниот уредник му било кажано дека „премиерот, заменик премиерот, шефот на дипломатијата и главниот обвинител имаат проблеми поради вас“, пренел Џонсон.