ВИДЕО: Британија и понатаму под закана од поплави

Поплави и денеска им се закануваат на делови од Велика Британија откако повеќе илјади домови се поплавени и на се сила се 14 предупредувања за големи поплави во Беркшир, Сари и Сомерсет, а метеоролозите најавуваат дождливо време и во наредните денови, јавуваат светските агенции.

Британската метеоролошка служба издала предупредување населението да  биде подготовено за силен ветер и до 100 километри на час во крајбрежните делови на Велс, со снег во северните и западните делови и нови дождови во останатите делови од островот, јавува Би-Би-Си.

Во Датчет, повеќе од 1.700 домови се без електрична енергија од синоќа.

Надлежните предупредуваат за нови поплави „без преседан“ во Сури. Агенцијата за заштита на животната средина додава дека нови домови ќе бидат поплавени во Ворчестер, откако реката Северн и понатаму расте и „не се гледа крајот“.

Поради поплавите во прекин се неколку железнички линии. Надлежните прогнозираат пораст на водостојот на уште неколку реки во следните денови, додека сериозни поплави остануваат закана и долж текот на Темза.