Британија ќе гради огромен бетонски ѕид за заштита од мигранти

Британија има намера да гради огромен ѕид околу пристаништето Кале поради зголемениот број на обиди од страна на мигрантите за преминување на Ла Манш по брегзитот, пренесуваат британските медиуми.

Дејли Експрес јавува дека Британија ќе  гради бетонска  бариера по добиените информации дека мигрантите се мобилизираат да  направат масовен обид да влезат во земјата пред истата конечно да ја напушти ЕУ.

Поради Брегзитот мигрантите што се обидуваат да стасаат до Британија се се понесигурни дека ќе успејат во нивната намера и сметаат дека заминувањето од ЕУ и зголемениот број на гранична полиција ќе го отежнат влегувањето во земјата.

Британија ќе потроши околу 2,7 милиони евра за изградба на ѕидот висок 4 метри што ќе биде должина од околу еден километар покрај пристаништето.

Ѕидот ќе ја замени моменталната жичана ограда која се покажала како неефективна.