Британија ќе изнесе предлогот Брегзит пред самитот на ЕУ во декември

Велика Британија ќе го изнесе предлогот за тоа како да ги реши финансиските обврски за нејзиното излегување пред самитот на Европската унија следниот месеци и се очекува дека тоа ќе бидат тешки преговори, изјави во неделата британскиот министер за финансии Филип Хамонд.

Челниците на Европската унија ѝ порачаа на британската премиерка Тереза Меј во петокот дека има уште работа да заврши за да ги одблокира преговорите за излегувањето на Велика Британија од блокот, повторувајќи го порано наведениот рок за почетокот на декември да ја изнесе својата понуда поврзана со финансискиот дел од раздружувањето.

Премиерката Меј со состана со функционерите на ЕУ на маргините од самитот во шведскиот град Гетеборг во обидот да се надмине застојот околу договорот за излегувањето на нејзината земја од Унијата и даде да се насети дека ќе ја зголеми понудата од 20 милијарди евра дадена пред два месеца.

Меѓутоа, без јасен план кои финансиски обврски Лондон планира да ги покриен, заклучокот од состанокот со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, беше само дека е потребно да се вложи дополнителен напор.

„Ќе ги изнесеме своите предлози до Европската унија на време за Советот“ изјави британскиот министер за финансии Филип Хамонд за BBC, притоа мислејќи на состанокот на челниците на владите на земјите членки на ЕУ кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти декември.

На последниот самит на ЕУ во октомври, 27-те премиери направија исчекор во однос на Лондон, решавајќи да им пристапат на „интерните подготовки“ за идните преговори за трговскиот договор со Велика Британија. Меѓутоа, предупредија дека на таа втора фаза од преговорите ќе ѝ се пристапи само кога ќе се постигне „позначителен напредок“, во врска со трите главни прашања во преговорите за условите од раздружувањето на Обединетото Кралство и Европската унија.

Тие три теми се болното прашање на сумата од сметката за Брегзитот, правата на британските државјани коишто живеат во земјите на ЕУ и државјаните од ЕУ кои живеат во Велика Британија по истапувањето на Лондон планирано за 29-ти март 2019 година, како и последиците од излегувањето за Република Ирска. Премиерите на земјите членки на самитот кон средината на декември во Брисел ќе одлучат дали ќе дадат одобрување за почетокот на втората фаза од преговорите со Лондон.