Британија ќе забрани дизел и бензински возила од 2040 година

Британската Влада најави дека од 2040 година на патиштата низ земјата ќе биде забранет сообраќајот за дизел и бензиски возила, како една од мерките за спречување на натамошното загадување на животната средина.

Со најавените мерки се предвидува и создавање на посебен фонд од 255 милиони фунти , со кои ќе треба да им се помогне на оштинските совети низ земјата да се справуваат со емисијата на штетните гасови од дизел возилата.

Овие средства се дел од владиниот финансиски пакет од вкупно три милијарди фунти, кои се предвидува да бидат потрошени за обезбедување чист воздух и здрава животна средина.

Овие мерки предвидуваат фаворизирање на електричните возила.

Британските организации и група за заштита на живоптната средина, кои покренаа и спор против Владата пред Вишиот суд во Лондон, соопштија дека најавените владини мерки се „ветувачки“, но за конечната оценка ќе треба да се знаат сите детали.

Судот претходно оцени дека сите досегашни мерки на британаката Влада „не гарантираат дека земјата ќе може да ги достгне стандардите што ги има оределено  ЕУ“.

Франција веќе најави сличен план за забрана на автомобилите со дизел и бензиски мотори до 2040 година.

Компанијата Би-Ем-Ви веќе објави дека електричната верзија на автомобилите „Мини“ ќе се изработуваат во нивната фабрика во Оксфорд од 2019 година, а за таа година компанијата „Волво“ најави дека сите модели на овој шведски производител да имаат електрични мотори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.