Британија започна со напади врз ИД во Сирија

Британија започна со напади врз ИД во Сирија

Британија започна со напади врз ИД во Сирија. Британскиот Парламент доцна вчера со големо мнозинство одобри учество на авиони на Кралското воено воздухопловство (РАФ), во напади врз позициите на џихадистичката група – Исламска држава (ИД) во Сирија. Во текот на ноќта британски бомбардери од типот Торнадо ги извршиле првите бомбардирања врз цели на сириска територија, јавува МИА.

 Ги извршивме првите напади во Сирија, соопшти утрово претставник на британската Влада.

Тој информира дека авионите полетале од британската база „Акротири“ на Кипар и по завршената мисија безбедно се вратиле назад, без да прецизира во кои делови на Сирија ги извршиле нападите.

Британија започна со напади врз ИД во Сирија
Британија започна со напади врз ИД во Сирија

Инаку, вчера за барањето на Владата за проширување на мандатот на РАФ со воздушни напади врз ИД на сириската територија, како што тоа од минатата година се прави во Ирак, гласаа 397 пратеници, а против беа 223 членови на Долниот дом на Парламентот.

Британскиот министер за надворешни работи, Филип Хамонд, веднаш по гласањето изјави дека почетокот на нападите ќе се случи „што е можно побрзо“.

Лондонските медиуми уште…