Британија одбива да ги споделува со САД информациите за нападот во Манчестер, НАТО без коментар

Британската полиција повеќе нема да споделува со САД информации за истрагата во врска со терористичкиот напад од понеделникот вечерта во Манчестер, пренесе теелвизијата BBC, а генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел за новинарите изјави дека ќе се воздржи од коментар во врска со ваквата ситуација меѓу двете најзначајни членки на Алијансата.

Веднаш по екслозијата во американските медиуми се појавија поединости од нападот, при што тие се повикуваа на извори во американските безбедносни структури вклучени во заедничката истрага. Во прв ред тоа се однесуваше на податоците за индентитетот на бомбашот самоубиец, кој британската полиција не го обајвуваше.

Во средата силно незадоволство од истекувањето на информациите во медиумите искажа и британската министерка за внатрешни работи Ембер Рад, којашто рече дека британската полиција отсега сака да има „контрола врз протокот на инфроамциите“.

Според прилогот на BBC, полицијата од северната англиска грофовија Голем Манчестер изразила надеж дека ќе биде во можност да продолжи со практиката на меѓусебна размена на разузнавачките информации со американските колеги, но оти во моментов во британските служби се „разгневени“.

Градоначалникот на Манчестер, Енди Бернем, од своја страна, пак, му се обрати на вршителот на должноста во амбасадата на САД во Лондон, и истакнал дека истекувањето на информациите е „апсолутно неприфтливо“ и оти мора „веднаш да престане“.

Во четвртокот генералнот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за новинарите дека нема намера да го коментира прашањето за прекин на размената на разузнавачките информации меѓу Велика Британија и САД во врска со терористичкиот напад во Манчестер.

„Кога станува збор за разузнавањето, сакам дека кажам дека прашањето за терористичкиот чин во Манчестер е билатерално прашње во односите неѓу Велика Британија и САД, и јас нема да го коментирам“, рекол Столтенберг на барање на новинарите да го коментира прекинот на разузнавачката соработка меѓу двете највлијателни земји во Алијансата.

Одговарајќи на прецизирано прашање, челникот на НАТО рекол „Не можамаџ да зборувам за темата, бидејќи не ги знам деталите од тоа што се случило, и тоа е двострано прашање во односите“ меѓу Лондон и Вашингтон.