Британија ќе прифати поголем број бегалци

Сепак Британија ќе прифати поголем број бегалци. Се очекува британскиот премиер Дејвид Камерон да објави план за зголемување на бројот на бегалците од Блискиот Исток, на кои ќе им се дозволи престој во Велика Британија, соопштено е во Лондон, пренесува МИА.

Засега не е познато за колква број бегалци ќе стане збор, но како што синоќа посочи Камерон, Британија ќе преземе „неколку илјади“ луѓе.

Според најавите, дополнителниот број бегалци ќе бидат префрлени на британската територија, од бегалските кампови на ОН, покрај турско-сириската граница, а не од оние кои веќе се наоѓаат на европскиот континент.

Прифатен центар за азиланти во Германија
Прифатен центар за азиланти во Германија

Објавувањето на промената на британската позиција околу бегалската криза што ја потресува ЕУ, се очекува да се случи денеска во Мадрид, по средбите што Камерон ќе ги има со португалскиот и со шпанскиот премиер, со кои разговара за британските предлози за потемелно реформирање на Унијата.

Ние веќе прифативме околу 5.000 Сиријци и објавивме посебна шема за распоредување за да им помогнеме на сириските бегалци кои се во ризик. Како што реков претходно неделава, ќе прифатиме уште илјадници под постоечките распореди. Ако се земе во предвид нивото на кризата и страдањето на луѓето, денес може да објавам дека ќе направиме уште повеќе, ќе прифатиме прераспоредување на уште илјадници Сиријци, изјави Камерон во Лисабон.

Камерон и Даунинг стрит 10, од вчера, се наоѓаат под силен притисок на домашните медиуми, британската и европската политичка јавност, откако владата во Лондон и нејзниниот премиер ги одбија барањата на Германија и Австрија, за прием на повеќе сириски бегалци.

Берлин и Виена инсистираат на создавање квота, врз основа на која, сите земји членки во ЕУ, ќе примат определен број бегалци, но од британска страна, тоа беше отфрлено, со објаснување дека „решението не е во зголемување на бројот на бегалците„ туку дека треба да се работи за елиминирање на причините кои го покренаа бранот на луѓе од Блискиот Исток.

Притисокот врз владата и премиерот, се зголеми по објавувањето на фотографиите на мртвото тело на малиот сириски Курд, Ајдан Курди кои се удави во морето, заедно со неговата мајка и петгодишниот брат, кога неговото семејство се обидило да се префрли од Турција, во Грција, а од таму во ЕУ.

Повеќе од 200 илјади Британци ја потпишаа интернет петицијата за прием на повеќе бегалци.

Во изминатите четири години, околу пет илјади Сиријци имаат добиено азил во, а 216 се бегалци од последниот бран.