Британија повлекува шпиони поради информации на Сонуден

Британија била приморана да повлече дел од своите разузнавачи од мисии во странство откако Русија и Кина добиле пристап до тајни документи што ги објави поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден, објавуваат британски медиуми.

Би-Би-Си и Сандеј тајмс објавуваат дека шпионите се повлечени откако имале информации дека Русија може да дешифрира повеќе од милион документи.

– Се работи за случаи во кои Руси и Кинези добиле информации. Тоа значи дека многумина агенти мора да бидат повлечени и не спречува истекувањето информации за тоа како да работиме и да добиеме информации од клучно значење, изјави извор од седиштето на британската Влада за Сандеј тајмс.

Истовремено Би-Би- Си на својот сајт објави дека двете држави дошле до информациите за повлекување шпиони, но „нема докази дека кој било шпион е загрозен“.

Сноуден пребега во Русија откако во 2013 година на медиуми им достави тајни документи со цел разоткривање обем на прислучкување што го вршат САД „за да заштити приватност и основни човекови слободи“.