Британија протерува 23 руски дипломати поради случајот Скрипал, Лавров ја обвини за мамење на јавноста

Велика Британија ќе протера 23 руски дипломати како одговор на труењето со нервен гас на поранешени двоен руски шпион Сергеј Сркипал во јужна Англија, за што Лондон директно ја обвни Москва, изјави во средата премиерката Тереза Меј додавајќи дека тоа е најголемото еднократно протерување во последните 30 години, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно изјави дека нема никаков напредок во односите по ова прашање.

Британската премиерка Тереза Меј во обраќањето пред парламентот реле дека Лондон, исто така, ќе ја замрзне руската државна сопственост секаде каде што ќе има докази дека можела да биде употребена за загрозување на британските државјани, како и дека ќе го намали нивото на делегацијата коешто ќе оди на Светското фудбалско првенсгво во Русија ова лето.

Пораншениот руски резервен полковник во военото разузнавање 66-годишниот Сергеј Скрипал кој бил врбуван за британското разузнавање осуден на 13 години затвор помилуван од рускиот претседател во 2010 година и разменет за десет руски државјани осудени во САД, и неговата 33-годишна ќерка Јулија, руска државјанка, на 4-ти март беа најдени без свест на клупа во гратчето Салисбери. Префрлени се во болница и нивната состојба и натаму е критична, но стабилна.

Меј изајви дека се отруени со ткни „новичок“, советски нервен гас кој го разви војската. Првични ја обвини Москва да се изјасни дали е одговорна за овој „невнимателен напад врз Велика Британија“ или дека ја загубила контролата вез резерви од таква опасни материи.

Русија ги негира обвинувањата деке е вмешана во тој инцидент и го одби рокот што го зададе Меј да се изјасни. Москва покрај тоа соопшти дека нема да одговори на ултиматумот на премиерката Меј сé додека не добие примероци од нервниот оторов, повокувајќи се на одредба од Конвенцијата за забрана на хемиското оружје. Оваа конвенција предвидува во случај на користење забранети суспстанции на осомничената земја да ѝ се овозможи пристап до припероци од супстанцијата за да може да спроведе сопствени соодветни анализи. Покрај тоа, руската страна бара и соработка во истрагата бидејќи станува збор и за руска државјнка жртва на овој инцидент.

„Нема поинаков заклучок од оној дека руската држава е виновна за обид за убиство на господин Скрипал и неговата ќерка, и за загрозување на животот на други британски граѓани во Салисбери, Тоа претставува нелегално користење на сила од стрна на руската држава против Обединето Кралство“, истакна Меј.

Додаде дека протерување на 23 дипломати, идентификувани како непријавени разузнавачи, најголемо еднократно протерување во повече од 30 години, и дека тоа ќе ги „деградира разузнавачка способност во Британија во следните години“.

„Ќе ја замрзнеме руската државна сопственост онаму каде што имаме докази дека би можела да се искористи за загрозување на животи или имоти на британските граѓани“, рече Меј.

Според неа, ниеден министер ниту член на кралското семејство нема да заминат на Светското фудбалско првенство во Русија.

Рускиот амбасадор во Лондон, Александер Јаковенко, предупреди претходно во средата дека Русија ќе преземе реципрочни мерки доколку Британија ги протера руските дипломати.

Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека нима напредок во спорот со Лондон во „случајот Скрипал“.

„Постои само назадување, не гледаме никакво напредување“, рече дипломатот критикувајќи го Лондон поради обвинувањата на Русија за овој напад.

Лавров повтори дека Русија ќе ѝ даде одговор на Британија во рок од десет дена доколку Лондон тоа официјално го побара, а во согласност со споменатата Конвенција за хемиско оружје.

„Наместо да поднесат такво барање, Британија продолжи со политички средства. Без конкретни факти, тоа е флагрантен обид за мамење на меѓународната јавност на кој ќе мораме да одговориме“, прдупреди Лавров.

Тој ги отфрли британските тврдења дека само Русиај имала мотив да го нападне Скрипал.

„Вчера и руските и западните медиумски платформи објавија многу аргуемнти кои докажуваат дека Русија немала мотив и да единствени кои би можеле да го имаат се оние коишто сакаат продолжување на русофобната кампања“, посочи Лавров.