Британија: Русија би можелa да биде исфрлена од Г8

Велика Британија го предупреди во средата рускиот претседател Владимир Путин дека Русија би можела да се соочи со трајно исклучување од групата Г8 доколку Москва преземе натамошни чекори против Украина.

„Мислам дека буи требало да ја разгледаме можноста дали е можно трајно да ја исфрлиме Русија од Г8, доколку преземаат натамошни чекори”, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон во британскиот парламент.

Идната седмица во Хаг се среќаваат претставниците на земјите од Г7 за да ги договорат своите натамошни чекори во врска со однесувањето на Русија откако украинската проруска автономна република Крим на референдум со огромно мнозинство изгласа присоединување, односно враќање во рамките на Русија.

Камерон повика на силен одговор на земјите членки на Европската унија чии челници се среќаваат во четврток и петок во Брисел.

Британскиот премиер, исто така, рече дека Русија ќе биде соочена со економски санкции, доколку и натаму според него ја дестабилизира Украина.

„Доколку ја свртиме главата од кризата и не дејствуваме, долгорочно ќе платиме висока цена”, истакна Камерон