Британија: Се истражуваат реакциите на безбедносните агенции на предупредувањата за Абеди

© Danny Lawson/PA via AP

Британската тајна служба MI5 ќе спроведе истрага за тоа на кој начин се постапувало со јавните предупредувања според кои манчестерскиот бомбаш Салман Абеди претставувал потенцијална безбедносна закана, пренесе во понеделникот BBC, а истовремено беше објавено дека е уапсен уште еден осомничен за нападот во Манчестер од 22 мај, со што вкупниот број уапсени достигна 16 лица.

Најмалку трипати службениците на MI5 добиле предупредувања за екстремистичките ставови на 22-годишниот британски државјанин со либиско потекло, Салман Абеди.

Весникот Times веднаш следното утро по нападот од понеделникот ноќта, повикувајќи се на познати на осомничениот, пишуваше дека негови пријатели и блиски роднини ги предупредиле безбедносните служби за опасноста којашто ја претставува и за неговите ставови, дури пет години пред да го изведе смртоносниот напад.

Инаку многу е невообичаено британските власти јавно да објавуваат дека безбедносната служба спроведува внатрешна истрага за можни пропусти и грешки.

Министерката за внатрешни работи Ембер Рад за телевизијата Sky News изјави дека ова е „првиот чекор“ којшто MI5 го презема по бомбашкиот напад во кој во понеделникот ноќта на концертот на американската поп-пејачка Аријана Гранде беа убиени 22 лица, од кои седум се деца.

Соред последните податоци, во нападот биле ранети 75 луѓе. Од нив 66 лица уште се во болнциите, а 23 од нив на на одделите за интензивна грижа во сериозна состојба.

Безбедносните служби ќе ги разгледаат инфромациите за Абеди доставени пред нападот и ќе покренат истрага за тоа на кој начин бил направен превидот во однос на третирањето на овие извештаи, пишува натаму BBC додавајќи дека се подготвува и одвоен извештај наменет за министерите и за функционерите коишто го вршат надзорот врз овие служби.

Неименувани извори минатата седмица за агенцијата Reuters изјавија дека Абеди бил само еден од членовите на поголемата група којашто претходно била под надзор на службите, а и натаму претставувале опасноста за безбедноста на земјата и оти MI5 требало да продолжи со надзорот над нив.

Истовремено во понеделникот полицијата на грофовијата Голем Манчестер објави на својот профил на Twitter дека е уапсено уште едно лице осомничено дека е вмешанов во терористичкиот напад во „Манчестер Арена“

„Утрово полициските службеници вклучени во истрагата за нападот извршен во ’Манчестер Арена’ уапсија 23-годишен маж во Шорехам-бај-Си (во гофовијата Сасекс) осомничен за крешење на законите за тероризам“, се наведува во соопштението.

Со ова апсење, во моментов во врска со терорисчкиот напад во Манчестер се уапсени 16 лица, од кои двајца се веќе ослободени без обвинение. Полицијата соопшти дека истрагата напредува и оти во неа се ангажирани околу илјада луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.