Британија се подготвува за кавга со ЕУ

Дејвид Дејвис, бртианскиот министер за Брегзит

Велика Британија се подготвува за кавга со Европската унија околу структурата на преговорите за истапувањето од неа и идната улога на Судот на ЕУ, разгорувајќи ја сé поогорчената војна со зборови и пред самото починување на преговорите.

Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис, го оцени европскиот став за форматот за преговори за „нелогичен“ и вели дека „помалку го навредуваат“ сугестиите дека европските судови се подобри од британските.

Атмосферата меѓу Лондон и Брисел последните седмици е сé полоша, како што страните ги заземаат позициите пред почетокот на сложените преговори за разделувањето следниот месец, една година откако Британците на референдумот одлучија да ја напуштат ЕУ.

На прашањето за ставовите на ЕУ дека двете страни прво треба да постигнат напредок во преговорите за правата на граѓаните, границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, како и финансиската спогодба пред да ги почнат преговорите за идните односи, Дејвис смета дека тој редослед е „нелогичен“.

„Како, до Бога, да се реши прашањето на границата со Северна Ирска и Република Ирска, доколку не знаете каква ни е општата политика за границите, каква е царинската спогодба, какво е договорот за слободната трговија, дали треба да се променат царините на границите или не?“, изјави Дејвис во интервјуто за британската телевизија ITV.

„Не можете да донесе одлука за едниот без другиот, тоа е сосема нелогично… Тоа ќе биде главната кавга ова лето“, смета британскиот министер за излегувањето од ЕУ.

Вели, исто така, вели дека Британија е подготвена да се спротистави за тоа дека Судот на ЕУ да биде надлежен за правата европски граѓани коишто живеат во Британија откако таа ќе излезе од Европската унија.

„Ќе има препирки околу финалните поединости… како дали треба Судот на ЕУ да биде надлежен за тие права откако што ќе излеземе. Ќе има кавга околу тоа… Вистината е едноставно дека ние заминуваме, дека ќе бидеме надвор од надлежностата на европскиот суд“, додава Дејвис.

„Голата вистина е дека го сакаме целиот договор одеднаш. Се вели дека ‘ништо не е договорено додеа сé не е договорено’“, и тоа е нашиот став за тоа, порачува британскиот министер за Брегзитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.