Британско семејство и се приклучило на Исламската држава

Британско семејство и се приклучило на Исламска држава

Исчезнатото дванаесетчлено британско семејство и се приклучило на Исламската држава.

За ова информирала самата група во писмо испратено до телевизијата Би-Би-Си.

Како што јавува ТАСС, на почетокот на април 12-те членови на семејството заминале на одмор во Бангладеш, од каде заминале за Турција. Потоа престанале да одговараат на телефонските позиви на роднините од Велика Британија и полицијата претпоставувала дека можеби заминале за Сирија, кај џихадистите од ИД.

„Им се обраќаме на сите кои се загрижени за нашата судбина: не се секирајте, сега сме побезбедни од кога било порано“, се наведува во писмото испратени до Би-Би-Си, со кое се лиферувани и две фотографии од семејството.

„Дојдовме во земјата на Алах, слободна од корупција, угнетување и закони измислени од луѓето“, се наведува уште во писмото.

Според податоците на властите во моментов над 700 Британци војуваат во редовите на ИД, а поголемиот дел од нив се млади муслимани, родени во Обединетото кралство, каде западнале под влијание на радикалните проповедници. Многу од нив можат да се вратат во секој момент и да извршуваат терористички акции, стравуваат британските власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.