Британија си заминува, ЕУ нема време за плачење

Германија ќе ја предводи Европа во некоја нова насока, а нејзините власти прилично ладно реагираат на „брегзитот“ и им велат на Британците побрзо да го направат она што го изгласале.

Ова е удар, но мораме да бидеме сталожени и мирни, да ја анализираме ситуацијата и да не брзаме, рече канцеларката Ангела Меркел.

За разлика од другите земји членки на ЕУ, од Берлин деновиве стигаа пораки без многу емоции и паники во гласот, а канцеларката Меркел за време на вчерашното гласање само им порача на другите земји во ЕУ: смирено прифатете ги резултатите.

Слични пораки од најмоќните земји на ЕУ пристигнуваат и денес:

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази длабоко жалење поради одуката на мнозинството Британци нивната држава да ја напушти Европската Унија и најави дека цел на Унијата ќе биде блиски односи во Лондон во иднина.

Таа рече дека „Брегзитот“ е чекор наназад за европската интеграција, но дека „Германија е посебно заинтересирана за успехот на европското заедништво“.

Ние имаме и посебна одговорност. Нашата цел е иднина и блиски односи со Британија. Ова навистина е удар, тоа неможе да се порекне, н о она што ќе се случува во наредните денови, месеци и години зависи од она што ние останатите, преостанатите 27 земји членки сме подготвени да направиме, рече Меркел.

Како што наведе, Доналд Туск, Франсоа Оланд и Матео Ренци ќе дојдат во Берлин на разговори во понеделник, затоа што „само заедно може да ја одржат Унијата“.

Претходно германскиот вицеканцелар Зигмар Габриел рече дека во прашање е шанса за нов почеток, но и дека Европа неможе денес да продолжи да се однесува исто како вчера.

Излегувањето на Велика Британија е повик за будење на целата европска политика. Кој тоа не го слуша и кој ќе продолжи да се крие во вообичаените ритуали, ја води Европа на работи. Не ни требаат уште Европи, ни треба поинаква Европа, рече тој.

Додека се чекаше едно од клучните обраќања, конференцијата на Меркел, членот на нејзиниот кабинет и министер за правда Хеико Мас рече дека Европа го дочека „црниот петок“ но дека несмее да се губи време.

Го почитуваме тоа што излезе мало мнозинство меѓу Британците. Сега „Брегзитот“ мора да се спроведе брзо. Едно е јасно, ние се бориме за Европа, а Европјаните мора да се држат заедно и собрани околу идејата за мирот, слободата и правдата, рече тој.

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајмајер рече дека ова е тажен дена но дека ЕУ мора по секоја цена да ја избегне хистеријата.

Европската унија веќе испрати заедничка порака во која се наведува дека Унијата ќе го продолжи својот пат со 27 членки и дека „одговорот на овој настан ќе биде без преседан и единствен“.