недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 0

Британија: Здравствените експерти бараат да се воведе данок на шеќер и масти

Даноците за засладени пијалаци може да помогнат милиони луѓе да не подлегнат на прекумерна тежнина во следната деценија, соопштуваат здравствените експерти во Британија, пренесува „Дејли Експрес“.

sekeri

Поврзани вести

Даноците за засладени пијалаци може да помогнат милиони луѓе да не подлегнат на прекумерна тежнина во следната деценија, соопштуваат здравствените експерти во Британија, пренесува „Дејли Експрес“.

Тие исто така побараа брза акција за да се сопрат сите тв реклами за нездрава храна кои се наменети за најмладата популација, како дел од напорите на Британија да се избори со моменталната криза на прекумерна тежина.

Истражувањето што денес е објавено во Истражувања за Канцер во Обединетото Кралство и Здравствениот форум на Обединетото Кралство заклучува дека со 20 отсто данок на засладените пијалаци ќе го намали бројот на лица што се соочуваат со прекумерна тежина од 34 отсто во моментов на 29 проценти во 2025-тата година.

Ова со други зборови би значело дека во 2025 година би имало 3, 7 милиони луѓе помалку со прекумерна тежина, отколку што би имало доколку не се воведе споменатиот данок, а со тоа ќе се заштедат околу 10 милиони фунти во здравствениот буџет што се трошат на здравствени проблеми поврзани со прекумерната тежина.

Истражувачите побараа да се забрани емитувањето на рекламите за брза храна пред 9 часот навечер, а производителите да го намалат нивото на масти и шеќери во храната.

Ефектот од малите даноци на засладените пијалаци е огромен. Овие бројки појаснуваат зошто мора да дејствуваме пред прекумерната тежина да стане уште поголем проблем. Има голем број работи што дејствуваат против нас кога треба да донесеме здрави одлуки. Бомбардирани сме со реклами за нездрава храна и евтина храна во која има дополнителни калории и навистина е тешко за родителите да го прават она што е најдобро за нивните деца, вели Алисон Кокс од Истражувања за Канцер во Обединетото Кралство.

Во извештајот исто така се бара да се направи притисок за да се намалат рекламите за ваков тип храна.

Владата има шанса да го намали нивото на шеќер што се конузмира од страна на возрасните и децата и да им даде на идните генерации најдобра шанса за поздрав живот, се вели во извештајот.

Прекумерната тежина доведува до други болести како што е канцерот, дијабетес тип 2, срцеви заболувања и срцев удар.

Земјите што воведоа данок на засладени пијалаци не само што го намалија конзумирањето, туку направија неопходни промени за јавното здравје, вели Џејн Лендон од Здравствениот Форум на Обединетото Кралство.

Се смета дека исхраната на децата на школска возраст во Британија во 15 отсто се состои од шеќери. Сепак децата од 11 до 18 години се почесто посегнуваат по засладени пијалаци, наместо по овошен сок, а овие сокови чинат околу 30 отсто од нивното дневно внесување на шеќери, што пак се смета дека е три пати поголемо од дневно препорачаната доза.

Една третина од децата од 10-11 година и повеќе од една петтина од децата помеѓу пет и четири години имаат проблеми со прекумерната тежина.

Околу една четвртина од возрасната популација во Британија се соочува со овој проблем, а се очекува дека проблемот дополнително ќе се зголеми во следните години.

Само за информација, просечно шише од 600 мл засладен пијалак содржи околу 16 лажици шеќер. Дневната препорачана доза на шеќер, за лицата на возраст од 11 години и повеќе, е 30 грама или седум кафени лажички.

Најчитани вести