Свет

Британка седум години лежела мртва во својот дом

Британка седум години лежела мртва во својот дом

Мумифицираното тело на медицинската сестра Ен Лејтрим (58) било пронајдено во нејзиниот дом во Велика Британија, а постојат сомнежи дека жената била мртва дури седум години пред да ја пронајдат, пишува Би Би Си. 

Нејзиното тело го открила службата за наплата на долгови. Тие влегле во нејзиниот стан во Борнмут откако таа не ги платила долговите за хипотеката, не знаејќи дека Лејтрим веќе седум години не е меѓу живите.

Нејзиното тело било пронајдено покрај креветот со нејасна порака на која пишувало:

„Моите доктори ништо не направија како што треба. Ги сакам моите бебиња. Збогум Џенет.“

Патологот изјавил дека телото било пронајдено во „последниот стадиум на мумификација“ и дека причините за смртта неможат да бидат откриени поради неможноста да се направат токсиколошки тестови.

Полицијата смета дека пронајдената порака може да се смета за „проштално писмо“, но не постојат докази на самото место кои што би потврдиле дека се работи за самоубиство.

Засега се знае дека Ен Лејтрим цела деценија конзумирала лекови за смирување, кое ги земала заради анксиозноста и големиот стрес од кои страдала.

Она што е чудно е дека цели седум години никој не забележал, ниту ја побарал. Нејзината сестра Кетрин Кларк за британските медиуми изјавила дека Ен се оддалечила од семејството пред 20 години и дека никој незнае зошто го сторила тоа.

Лејтрим работела како акушерка, а била обвинета за „несовесно однесување“. Последен пат била видена по дисциплинското сослушување во судот во Борнмут на 6-ти јуни 2007. Иако нема конкретни докази, полицијата се сомнева дека токму поради ова сослушување жената извршила самоубиство.