Британка заработи тужба затоа што го малтретирала партнерот во шоуто „Танцот со ѕвездите“

Стив Бекшал е автор на емисија во која ги бара најсмртоносните животни низ светот и се соочува со нив. Тој снима со змии, големи бели ајкули, влекачи… Но, ако дивиот свет не го плаши, пресметката во шоуто „Танц со ѕвездите“ го довела до лудило.

Бекшал ја тужи партнерката Ола Јордан од Полска наведувајќи дека таа го малтретира за време на подготовките. Затоа сега за време на пробите со него секогаш е и обезбедувањето за тој да не остане сам и да „падне под нејзина тортура“.

Тој додава дека Ола била многу груба и нетрпелива кога Бекшал не успеал да ги совлада чекорите минатата сабота во шоуто кое се емитува на Би-Би-Си.

Како што наведува тој, најтешко му паднало подготвувањето за Ноќта на вештерките, а за тужбата е известена и Ола која е повикана на состанок.