Македонија

Британска амбасада: Обединетото кралство одблиску го следи развојот на настаните

Британска амбасада: Обединетото кралство одблиску го следи развојот на настаните

Британската амбасада упати писмено соопштение по повод најновите случувања во Македонија.

– Обединетото Кралство ги прими со загриженост информациите за покренувањето обвиненија против Зоран Заев, лидер на опозицијата, и против три други лица. Овие обвиненија се многу сериозни, и Обединетото Кралство одблиску го следи развојот на настаните. Од основна важност е, како и во секој судски случај, сите институции во Македонија да ги почитуваат принципите на владеење на правото, вклучително и презумпцијата на невиност, и да ги исполнат највисоките меѓународни стандарди во процесот, стои во соопштението.

Во соопштението понатаму се вели дека Обединетото Кралство исто така изразува загриженост за влошувањето на политичкиот дијалог во земјата и ги повикува политичките партии да направат се што можат за да се подобри состојбата.