Британска компанија ќе инвестира во земјава

Преиерот Никола Груевски најави нова странска инвестиција од големиот народен собир во Охрид. Станува збор за англиска инвестиција од областа на медицинската индустрија со која ќе се отворат нови работни места.

-Кога сме кај инвестиците би сакал да додадам уште една работа. Британската компанија од областа на медицинската индустрија „Дејвид Томас Медикл“ веќе донесе и објави на својата веб страна одлука за инвестиција во Република Македонија со веќе постоечка македонска компанија(Софтек плус) во капацитети во Скопје кои предвидуваат производство на помошни медицински производи и вработување на почетокот на 50 високообразовани инжинери, рече Груевски.