Британска студентка сакала да прошверца 20.000 евра за џихадистите

Лондонската полиција уапсила британска студентка од муслиманска заедница која се обидела да прошверцува 20 илјади евра за финансирање на џихадистите.

Дваесет и седумгодишната Навал Мсаад била уапсена на лондонскиот аеродром Хитроу, кога парите биле откриени во нејзината долна облека.

Царинските власти ја повикале полицијата, а таа ја уапсила студентката.

Во текот на сослушувањето, Мсаад тврдела дека сакала да патува за Турција и во Истанбул да помине неколку денови на одмор и на шопинг.

Високиот износ од пари што е најден кај неа,сокриен во облеката, наводно, требало да и послужат за купување подароци и роденденски накит за нејзината мајка.

Истрагата подоцна утврдила дека студентката не била турист,ниту патувала туристички во Истанбул, туку била курир на џихадистите кои војуваат во Сирија за соборување на претседателот Башар ал Асад. Таа требало да ги предаде парите на определена адреса, на друг човек за врска во Турција, за да потоа еврата бидат префрлени „некаде во Сирија“.

Мсаад е обвинета за помагање и финансирање на тероризмот, според одредбите на законот за тероризам и изведена на судење.