Британска тинејџерка спречена да замине на џихад

Британски полицајци спречиле 15-годишна џихадистка да замине да се бори во Сирија на страната на Исламска држава, јавија локални медиуми.

Девојчето купило авионски билет до Истанбул, но на 6 декември било спречено да замине со авионот.Имено, полицијата го спречила авионот кој веќе заземал позиција за полетување да замине и од него ја привеле младата џихадистка.

Според Лондон ивнинг стандард, џихадистката тајно собирала пари за билетот. Над 500 Британци се во Сирија и Ирак за да се борат на страната на Исламска држава, според податоци на властите. Околу половината од нив веќе се вратиле во Велика Британија.