понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 61

Британска водителка во кома, се заразила со маларија во Рио

На церемонијата на отворањето на ОИ во Рио почнала да повраќа, па ѝ била дијагностицирана маларија.

рио

Последни вести

Познатата британска ТВ-водителка Чарли Вебстер (33) заболела од маларија патувајќи на Олимписките игри во Рио. Поранешната водителка на „Скај спортс њуз“ во моментот е на апарати и се бори за живот, поради влошената состојба по заразувањето со маларија.

Чарли била дел од тимот кој со велосипеди тргнале за Рио во хуманитарни цели за собирање парични средства за борба против рак. Тргнала од Лондон, возела низ Франција, Шпанија и Португалија за отпосле со авион да долета до северен Бразил и да го продолжи возењето до Рио.

Ја поминала здравствената проверка и, наводно, ја советувале да не зема инјекција против маларија, бидејќи таму кадешто таа одела не постоел страв од зараза со маларија.

Во последните неколку дена почувствувала малаксаност, па на почетокот мислеле дека станува збор само за дехидратација поради возењето велосипед.

На церемонијата на отворањето на ОИ во Рио почнала да повраќа, па ѝ била дијагностицирана маларија. По хоспитализирањето, на самиот почеток, кога сè уште мислеле дека е истоштена од дехидратацијата, таа дури успеала и да објави фотографии од болничкиот кревет. Но, нејзината состојба многу се влошила, потврдил денеска нејзиниот портпарол. Меган Гарвер потврдила дека ТВ-водителката се бори за својот живот, и дека нејзината мајка и брат долетале од Британија за да бидат покрај неа во болницата. Чарли добила редок облик на маларија и е подложена на третман во болница во Рио, а за нејзината состојба се грижи тим од специјалисти од Бразил, САД и Британија.

Водителката во моментот е во индуцирана кома на апарати.

Пријателите се надеваат дека поради добрата физичка кондиција ќе успее да се извлече.

 

CpNxeDUWYAAjO7q

Најчитани вести