Балкан

Британската Амбасада во Турција затворена поради безбедносни причини

Британската Амбасада во Турција затворена поради безбедносни причини
Амбасадата на Велика Британија во Анкара денеска ќе биде затворена поради безбедносни причини, соопшти Амбасадата.

Како и поголемиот број на дипломатски мисии во Турција и Британската амбасада беше затворена за конзуларни работи за време на празникот Курбан Бајрам, кој почна во понеделникот, но беше планирано денеска да почне со работа.

И Амбасадата на Германија во Анкара соопшти дека мисијата до денеска ќе „работи со ограничени капацитети“ и „ќе остане затворена за јавност“. Весникот „Билд“ објави дека поради страв од напади нема да работат ниту германските училишта во Турција.

Турција годинава беше цел на низа напади од џихадистичките и курдските екстремисти, а амбасадите повремено беа затворани поради безбедносни причини.