Свет

Британската економија до 2030 година ќе стане најголема

Британската економија до 2030 година ќе стане најголема

До 2030 година британската економија ќе стане најголема во Европа, со што ќе ја потисне германската од сегашната лидерска позиција, проценува Центарот за економски и бизнис истражувања (ЦЕБР), објави МИА.

Во својот годишен извештај во кој прави осврт на перспективите на 30-те најголеми економии во светот, ЦЕБР проценува дека намалувањето на бројот на населенето и најверојатното слабеење на еврото, ќе ги загрози економските перформанси на Германија.

Од друга страна растот на популацијата во Велика Британија значително ќе влијае на забрзување на нејзиниот економски раст, при што, според ЦЕБР, британската економија веќе идната година ќе ги надмине рекордните остварување од пред кризата во 2008 година.