Британската компанија „Ендава“ досега вработи над 100 ИТ-професионалци во Скопје

Британската компанија „Ендава“, една од компаниите за ИТ-услуги со најбрз раст во регионот, одбележа значајно достигнување – над 100 професионалци со полно работно време сега се дел од нејзиниот тим во Скопје.

Ова е слика за растот на организацијата на македонскиот пазар и покажува дека канцелариите во земјата се наметнаа како зрела единица за испорака во рамки на семејството „Ендава“.

Пуштени во употреба во 2014, просториите во Македонија го доживеаја своето прво проширување во ноември истата година, кога беа отворени канцелариите од 3.000 квадратни метри. Оттогаш тимот се зголеми од 30 до повеќе од 100 професионалци, а компанијата планира бројот на луѓе да се зголеми до 400 во следните три до четири години.

Ендру Браун - Менаџер за испорака на единицата во Скопје
Ендру Браун – Менаџер за испорака на единицата во Скопје

„Ендава“ е активен работодавец на македонскиот пазар и еден од водечките на овој план во сите свои локации во централна и источна Европа. Компанијата, истовремено, го употребува талентот на искусните ИТ-професионалци, како и на тие што почнуваат во оваа индустрија. „Ендава“ нуди широка палета на можности за учење, од практикантство преку додипломски програми и технолошки средби до интерни настани чија цел е градење на култура на споделување на знаењето меѓу сите вработени.

Возбудени сме што сме дел од културата на успехот на „Ендава“, преку испораката на иновација во особено компетитивниот ИТ-пазар. Тоа го правиме за врвни имиња во широк распон на индустрии и притоа сме сигурни дека нашите луѓе се движечката сила зад развојот на нивните лични кариери. Исто така, ги менуваме традиционалните пристапи со новите технологии – вели Ендру Браун, менаџер на единицата за испорака во Скопје.

Скопје станува значаен центар…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.