Британската кралица Елизабета наполни 90 години

epa05268378 Britain's Queen Elizabeth II visits a post office in Windsor, Britain, 20 April 2016. The British monarch will celebrate her 90th birthday on 21 April. EPA/ANDY RAIN

Во Виндзор, во близината на Лондон, каде се наоѓа кралскиот замок, таа ќе открие спомен плоча во чест на овој јубилеј, а по повод роденеденот, топовски плотуни ќе бидат истрелани низ сите делови на Обединетото Кралство.

Британската кралска пошта, која одбележува 500 години од своето постоење, издаде пригодна марка за роденденот на кралицата, направена врз заедничката фотографија на четирите генерации од кралското семејство.

На фотографијата што е направена минатата година, се сегашната кралица и тројцата идни кралеви на Велика Британија-престолонаследникот Чарлс, неговиот син, принцот Вилијам и малиот принц Џорџ, синот на Вилијам и Кетрин Мидлтон.

133138133

Службениот роденден на кралицата се одбележува во јуни. Овојпат тоа ќе биде на 10 јуни со пригодна црковна церемонија на благодарност во катедралната црква Сент Пол во Лондон.

Роденеденските свечености следниот ден ќе продолжат со парадата на кралската гарда, а ќе завршат на 12 јуни со уличната забава на лондонскиот Мол во близината на Бакингамската Палата, на кое кралицата ќе им биде домаќин на десет илјади Британци.

Овогидошната приватна прослава на нејзниот роденден, ќе биде збогатена со присуството на американскиот претседател Барак Обама кој вечерва че допатува во посета на Лондон.

Претседателот Обама утре во замокот-резиденција во Виндзор ќе има ручек со кралицата и нејзниот сопруг, принцот Филип (95).

133138136

Кралицата Елизабета во септември минатата година стана монарх со најдолг престој на престолот во англиската и британската кралска историја, надминувајќи го дотогашниот рекорд на кралицата Викторија, од 63 години и седум месеци.

На престолот таа е од февруари 1952 година, по смрта на нејзниот татко кралот Џорџ Шести. Во текот на изминатите повеќе од 64 години како британски суверен, кралицата Елизабета соработувала со 12 британски премиери и со седум надбискупи на Англиканската црква. Во овие години се измениле и седум поглавари на Католичката црлва.

Кралицата Елизабета држи и уште еден рекорд. Таа е монарх со најдолг брачен стаж во британската историја. Кралицата Елизабета и принцот Филип се во брак 68 години. ти/сп/10:05

Елизабета 4