Британската кралица Елизабета почна да користи твитер

Кралицата на Велика Британија Елизабета II денеска одејќи да отвори изложба во Музејот на науката во Лондон го испратила својот прв твит, јавуваат британските медиуми.

Кралицата во присуство на 600 гости ја отвори изложбата по повод одбележување на историјата на комуникациската технологија и на многуте милиони корисници на твитер.

– Задоволство е да се отвори изложбата за ерата на информации денес во Музејот на науката и се надевам дека луѓето ќе уживаат во посетата. Елизабет Р, пишува кралицата на нејзиниот профил BritishMonarchy @BritishMonarchy .