Британската кралица во јуни ќе ја посети Германија

Британската Кралица Елизабета Втора во текот на јуни ќе пристигне во државна посета на Германија каде што ќе го посети и концентрациониот камп Берген – Белсен ослободен од британската армија пред 70 години.

Заедно со својот сопруг Филип, принцот од Единбург, кралицата ќе посети и неколку други споменици од втората светска војна вклучувајќи го и тој посветен на Ана Франк која што заедно со својата сестра починала во Берген – Белсен. За време на посетата британската кралица ќе се сретне со група преживеани војници и заробеници како и со претставници на еврејската и христијанските заедници во Германија.

Посетата ќе започне на 23 јуни, а за време на престојот во Германија Елизабета (1926) ќе се сретне со германската кацеларка Ангела Меркел и со федералниот претседател Јоаким Гаук.