Британската полиција уапси 660 педофили

Полицијата во Велика Британија уапси 660 лица осомничени за педофилија.

Меѓу уапсените има наставници, лекари и социјални работници.

Операцијата била насочена кон луѓе, кои гледале недолични снимки со деца на Интернет. Некои од уапсените ќе бидат обвинети за сексуална злоупотреба.

Уапсените се на возраст од 30 до 50 години. Од 660-те уапсени лица, 39 веќе и се познати на полицијата поради злосторства од сексуален карактер.