Британската полиција уапси шест лица во антитерористички операции

полиција

Уапсени се четири мажи од Дерби и уште еден од Буртон, на возраст меѓу 22 и 36 години додека во Лондон е уапсена 30-годишна жена. Сите се осомничени дека подготвувале терористички напад.

Минатата недела шефот на британското разузнавање предупреди дека припадници на ИД планираат напади врз цели во Британија и против нивни сојузници.