Британската премиерка Тереза Меј денеска е во работна посета на Македонија

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да пристигне во Скопје .Ова е прва посета на британски премиер во Македонија по 19 години.

Во 1999 за време на косовската криза во Скопје беше тогашниот премиер на Велика Британија, Тони Блер.

Меј ќе оствари средба со Заев најверојатно во попладневните часови по враќањето на македонскиот премиер од Софија кадешто денеска тој ќе разговара со својот грчки колега, Алексис Ципрас.

Се очекува Заев и Меј да одржат и заедничка прес конференција.

На порталот ,,Сакам да кажам“ е објавена колумна на британската премиерка по повод нејзината денешна работна посета ..

,,Во овие 25 години Британија и Македонија никогаш не биле поблиски. Особено ме радува што ја посетувам Македонија во време на надеж за иднината и да го почувствувам оптимизмот и еланот да се обезбеди просперитетна иднина за сите граѓани на Македонија. Решени сме да ве поддржиме да ја остварите таа реалност“-пишува британската премиерка во колумната објавена на СДК .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.