Британската премиерката вети дека ќе ја штити Европа од „руските закани“

Британската премиерка Тереза Меј изјави во понеделникот вечерта дека Лондон сака продуктивни односи со Москва којашто „треба да игра според правилата“, како и дека нејзината влада ќе остане истрајна во заштита на Европската унија откако Велика Британија ќе го напушти блокот, обвинувајќи ја Русија за воена агерисија и за мешање во избори.

Во годишниот говор за надворешната политика, британската премиерка Тереза Меј жестоко ја критикуваше Русија, фактички почнувајќи го своето обраќање токму со оваа тема, во Гвилдхол во лондонскиот финансиски центар.

Меј ја нападна Русија за наводното предизвикување на насилствата во Украина, за постојано кршење на воздушниот простор на неколку европски држави и за изведување кибернетички напади.

Покрај тоа, ја обвини Русија за мешање во избори и хакирање на данското министерство за одбрана, на германскиот парламент и на државните медиуми со уфрлање лажни стории и фотошопирани фотографии во „обид за поткопување на западните институции“.

Меј рече дека нејзината влада соработува во реформите на НАТО за полесно да се протистави на „руските предизвици“, и покренала воена и економска помош на Украина. „Ќе ги преземеме неопходните чекори за да одговориме на руските активности“, рече уште британската премиерка.

Тереза Меј додаде дека сака подобри односи со Русија, кога таа би го промовирала мирот. „Русија може, и се надевам дека еден ден ќе избере поинаков пат. Но се’ додека Русија тоа не го стори, ние ќе дејствуваме заедно да ги заштитиме своите итнереси и меѓународниот поредок од кој тие зависат“, додаде Меј.

Според неа, Британија и натаму ќе остане доследна во помагањето на државите кои се жртви на агресија.„Обединетото Кралство безусловно ќе остане истрајно на зачувувањето на европската безбедност“.

„Сеопфатното ново економско партнерство коешто го бараме ќе ја нагласи нашата заедничка доследност на отворената економија и на слободните општества наспроти оние кои се обидуваат да ги поткопаат“, додаде Меј.

Британската влада го извлече така еден од најсилните свои адути во преговорите за нејзиното напуштање на Европската унија – соработката во областа на одбраната и безбедноста, надевајќи се дека со тоа ќе добие отстсапки во идните трговски и економски односи.

Велика Британија има поголем воен буџет од која и да е земја членка на ЕУ, а нејзините диломатски и разузнавачки служби се меѓу најголемите во Европа, но се поврзани и синхронизирано дејствиваат со разузнавањата на САД, Австралија и Нов Зеланд. Владата на Меј, исто така, тврди дека е меѓу ние во ЕУ кои најмногу придонесуваат за безбедносните мерки, како што е споделување податоци и докази, екстрадиции и во рамките на Европол.