Британската влада бара доживотен затвор за хакерите

Владата на Велика Британија предложила поостри казни за сајбер криминалците, кои вклучуваат доживотен затвор за дела со кои е загрозена националната безбедност.

Како што пренесуваат медиумите, нападите на компјутерските системи кои довеле до губиток на животи, болести, повреди или пак ја загрозиле националната безбедност, би можеле да бидат санкционирани со доживотна казна затвор, според новиот предлог закон за казните за сајбер-криминал во Велика Британија.

Исто така се предложени построги казни и за електронска саботажа на цели во индустријата, од сегашните максимални 10 на 14 години затвор.

Британскиот министер за организиран криминал Карен Бредли истакнал дека се предложени поостри казни за да оние кои направиле опасни напади да ја добијат заслужената казна.

Со новите казни Велика Британија ќе се усклади со САД , кои веќе ја воведоа доживотната казна за сајбер криминал, после терористичките напади од 11 септември 2001 година.