Британската Влада со нова екипа ќе преговара за условите на Брегзитот

Портпаролот на британскиот премиер во оставка денеска изјави дека Владата на Велика Британија постигнала договор за воспоставување нов оддел на државните служби, што ќе има „сложена“ задача да преговара за начинот на излез на оваа земја од Европската унија.

– Премиерот даде предлог, а кабинетот го поддржа формирањето на нова единица за водење на интензивната работа на државната служба за прашањата што ќе мора да бидат разработени за да се претстават опциите и да му се дадат совети на новиот премиер, рече таа.

Камерон во својата изјава по соопштувањето на резултатите од референдумот најави дека до октомври ќе поднесе оставка.