Сценарио: На Македонија и се заканува расецп од внатре и од надвор

расцеп

Западот не ги трга рацете од балканскиот котел, но она што е уште полошо е силната домашна поддршка што ја добива од структури кои за лични интереси работат против националните. Такви примери има во целиот регион, но она што нас нè засега како Македонци, а пред сè како луѓе, е жешката манџа што ни ја сервираат предавниците групирани во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, под раководство на Зоран Заев и Радмила Шеќеринска.

karta

Дека федерализацијата на Македонија и сè поизвесното воведување на албанскиот јазик како рамноправен јазик во Република Македонија не е политичка манипулација на политичкиот противник во предизборниот процес, туку реална закана која секако ќе се реализира со помош на државни институции од извршната и судската власт и странскиот фактор, постизборно сфатија и поддржувачите и симпатизерите на СДСМ. Замајани од ветувањата за живот во Македонија, на 12 декември се разбудија во неизвесна иднина.

Мрачни прогнози за балканска експлозија

Веќе стигнуваат предупредувачки и заканувачки сигнали од Запад дека на Македонија не ѝ бега нова балканска војна доколку не се реализираат намерите на опозицијата без победа на избори да ја преземе власта и да го отвори патот кон реализација на големоалбанскиот сон.

zaev-alb-dijaspora

Разно-разни аналитичари впрегнати да го ораат кревкиот терен веќе се впуштија во пласирање катаклизмични анализи за нови бегалски бранови, војни, разорувања, кои од која страна и да се погледне, ќе завршат со формирање на Голема  Албанија, а во прилог им иде, секако, предавничката политика на политичките профитери и постојаната разединетост на нациите, во нашиот случај на македонската. Проклетството на разединетите Македонци да го повлечат надолу секој кој ќе се обиде да излезе од зовриениот котел, им дава елан на само повиканите аналитичари и дипломати да си играат со луѓето и да ги дробат државите како да се бисквити.

„На Балканот се враќа национализмот, a кога ќе избледи влијанието на Западот, ќе настапи нова ера на немири кои ќе резултираат со прекројување на денешните граници“, анализира Тимоти Лес, поранешен шеф на британската амбасада во Бањалука и директор на агенцијата „Нова Европа“, која се занимава со процена на политичкиот ризик во источна Европа.

Нови бегалски бранови, како оние во деведесеттите ќе го заплиснат Балканот, тврди Лес и предвидува дека хаосот ќе започне со отцепувањето на Република Српска, која на референдум ќе се спои кон Србија. Според него за развој на ова сценарио многу ќе помогне Русија, која со двете раце ќе прифати да учествува во слабеењето на моќта на Западот на Балканот.

vucic-dodik-520x308

Ова, тврди тој, ќе предизвика домино-ефект. Хрватите од Босна ќе се обидат делот на кој живеат да го спојат кон Хрватска, која сесрдно ќе им помогне. Албанците во Македонија ќе се побунат и ќе се обидат да откинат добар дел од земјата. Така проширената Албанија би го споила Косово, со што ќе се оствари вековниот сон за создавање на терористичка Голема Албанија.

Идејата за Голема Албанија во Македонија со години систематски ја реализираат албански екстремисти, а во последните години таа доби силен замав преку парламентарната проалбанска партија СДСМ на чело со Зоран Заев и Радмила Шеќеринска. Голем поттик на оваа идеја ѝ даваат и албанските партии во Македонија, кои без разлика дали се парламентарни или не и на која ориентација ѝ припаѓаат, работат со иста агенда на иста цел – Голема Албанија. Освен тоа, не смее да се превиди и влијанието на странскиот фактор, кој е голем сојузник на проалбанската СДСМ и албанските партии во Македонија.

Апокалиптичната анализа на британскиот дипломат и лобист не запира тука. Според него, просрпските граѓани на Црна Гора, кои сочинувааат половина од бројот на граѓани на земјата, ќе побараат спојување кон тогаш вее проширената Србија. На сето тоа, Бугарија и Грција, кои демнат, апетитите за парче земја ќе ги задоволат со остатокот од колачот на веќе растрганата Македонија.

obama-dodik-putin-520x299

Русија би го искористила ваквиот епилог и значително би ја засилила својата позиција на Балканот, пред се поради традиционално добрите врски со православните земји Србија, Црна Гора, Грција, па и Бугарија.

„Голем проблем би предизвикал рапидниот раст на муслиманскиот екстремизам, кој несомнено би привлекол бројни џихадисти од Саудиска Арабија и слични земји“, тврди Лес. Имајќи предвид какви монструозни злосторства правеа џихадистите во деведесеттите години, ескалацијата на насилствата во некои делови на Балканот би била неизбежна, предупредува тој. Таквото сценарио само би ја потпалило растечката исламизација на Европа, смета Британецот.

nacionalizam-balkan-vojna-520x338

ЕУ и САД не би го признале ваквото прекројување на границите и секако би вложиле доста труд за да не дојде до тоа. Сепак, смета Лес, моќта на Западот дотогаш многу би опаднала, така што не би можел да стори ништо.

„Можеби новиот балкански поредок нема да се случи утре, но како што моќта на ЕУ се топи, така денот на почетокот на овој неизбежен судир е сè поблиску“, убеден е Лес во точноста на својата мрачна прогноза.

Улогата на Вашингтон во прекројувањето на Балканот

golema-albanija

На краток рок, Вашингтон треба да ја поддржи внатрешната фрагментација на мултиетничките држави каде што малцинствата го бараат тоа – на пример, да се прифати барањето на Албанците за федерализација на Македонија и тоа на Хрватите за трет ентитет во Босна. На среден рок, САД треба да им овозможи на овие различни територии да формираат блиски политички и економски врски со нивните поголеми соседи, како што е овозможување на двојно државјанство и воспоставување на заеднички институции, додека формално ќе останат дел од нивната постоечка состојба.

balkan-vojna-520x323

Во последната фаза, овие територии би можеле да се ослободат од своите постоечки состојби и да се обединат со матичната земја, можеби во почетокот како автономни региони. Еден хрватски ентитет во Босна ќе се спои со Хрватска; Република Српска и северот на Косово со Србија; и Прешевската Долина, западна Македонија, а и повеќето од Косово со Албанија. Во меѓувреме, Црна Гора, која може да ги изгуби своите мали албански енклави, или ќе остане независна или ќе се соедини со проширена Србија. Во остварувањето на овој план, САД едноставно ќе ја заживее на визијата Вилсон за Европа составена од самоуправни земји – освен во оној дел на континентот каде што оваа визија никогаш се применувала.

begalci-520x277

Неизбежно, ќе има потешкотии и ризици, иако не толку сериозни како оние кои произлегуваат од постоечкиот неуспешен пристап на политиките. Србија ќе мора да се прости од Косово, освен северниот дел, но надоместокот ќе биде реализација на српската нација-држава на територијата каде што доминираат Србите. Албанците на сличен начин ќе мора да се откажат од северно Косово. Попроблематично, Бошњаците и Македонците ќе треба да ја прифатат загубата на територијата за која тие се сентиментално приврзани и тоа без значителна територијална компензација.

Кој е Тимоти Лес?

timoti-les-520x365

Аналитичар, дипломат и креатор на политика во британското Министерство за надворешни работи и Комонвелтот, каде што, меѓу другото, раководел со канцеларијата на Британската амбасада во Бања Лука (Босна и Херцеговина) и Одделот за институциите на ЕУ и служел како политички секретар на Британската амбасада во Скопје (Македонија). Тој е исто така е поранешен предавач на источноевропска политика на Универзитетот во Кент и поранешен аналитичар за рејтинг-агенцијата „Дан енд Бредстрит“, каде што го покривал Балканот и поранешниот Советски Сојуз.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.