Британски џихадист признал дека подготвувал терористички напади

Британски џихадист кој поминал шест месеци во Сирија, а потоа измислил приказна дека загинал на фронтот, за да скришно се врати во Велика Британија, на судењето во Лондон признал дека подготвувал терористички напади, пренесува МИА.

Имран Каваја (27) освен извршување терористички напади, признал и дека престојувал во еден сириски камп со џихадистите, дека се обучил за терористички операции, како и дека поседува оружје.

Овој британски муслиман од Лондон, позирал за интернет, како извлекува од торба отсечена глава на зарбеник на џихадистите кој бил ликвидиран.

Според наодите на британската антитерористичка полиција, во сирискиот камп Каваја бил во група на џихадисти задолжени за пропаганда и за привлекување на млади, но кои учествувале и во насилнички операции.

Се снимал со отсечената глава со маскирано лице, за да не биде откриен, а потоа самиот разгласил на Интернет дека е мртов. Наместо тоа, откако преминал во Турција неговиот близок роднина Тахир Бати кој е таксист во градот Вотфорд, во близината на Лондон, го земал Каваја во Бугарија за да го венсе во Велика Британија.

Каваја и Бати, меѓутоа, биле уапсени во Довер, каде ги чекала британската полиција.

Бати е обвинет за помагање при извршување кривично дело поврзано со тероризмот и на судењето ја признал вината.

Покрај овие двајца, третообвинетиот Асим Али, на судњето исто така ја признал вината дека материјално го помагал Каваја во неговата противзаконска и терористичка активност.

Пресудата за тројцата осудени ќе биде соопштена идниот месец. Првообвинетиот Каваја би можел да биде казнет и со доживотен затвор.

Командирот на единицата за борба со тероризмот, Ричард Волтон изјавил во текот на судскиот процес дека Каваја не е „заблуден и заведен млад човек“ кој затоа им се приклучил на џихадистите, туку опасен и обучен терорист.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.