Британски џихадисти признаа дека подготвувале терористички напади

Нахин Ахмад и Јусуф Сарвар и обајцата од Бирмингем, признаа на судењето во Лондон дека подготвувале терористички напади. Двајцата поминале осум месеци војувајќи во Сирија за џихадистичката група Ал Нусра Фронт,поврзани со мрежата на Ал Каеда. Тие беа уапсени на лондонскиот аеродром Хитроу кога се враќале од фронтот, пренесоа медиумите.

Антитерористичките сили на британската полиција биле алармирани откако родителите на Сарвар откриле писмо од нивниот син во кое тој им признава оти отишол да војува, за да стане џихадист и маченик,термин што се употребува за бомбашите-самоубијци.Родителите тогаш побарале помош од полицијата,која чекала двајцата британски муслимани да се вратат. Во јануари оваа година,кога се вратиле во Велика Британија, биле веднаш уапсени врз основа на законот за антитероризам, чии одредби се користат при апсењето и покренувањето обвинување за сите „повратници„ од сирискиот,или сега и од ирачкиот фронт.

Во текот на судското сослушување,тие изјавиле дека „талибанците и Ал Каеда не се лоши“ како и дека „никогаш нема да дозволат религијата на Алах да биде демонизирана“. Обајцата се убедени во исправноста на својата одлука да одат да војуваат и да загинат за „каузата“ опишувајќи го Британците како „неверници“, а општетството како „антиисламско“.

Ахмад е роден во Бангладеш, но како дете дошол со родителите во Бирмингем, каде одраснал и завршил училиште. Сервар има пакистанско потекло, но е роден во Велика Британија. Британските безбедносни сили немаше да ги откријат, ниту да разберат за нивните планови, доколку нивните родители не ја предупредија полицијата. Судот во Лондон ги прогласил за виновни, а казната ќе им биде определена подоцна.

Се верува дека Ахмад и Сарвар учествувале во борбите во и околу сирискиот град Алепо. Овој град од почетокот на бунтот против претседателот Башар ал Асад е едно од поважните прибежишта на разните исламистички, милитантни сунитски групи.

Ахмад и Сарвар кои сега имаат по 22 години, се другари од детството. Во мај минатата година, ги известиле родителите кои живеат во Бирмингем, дека ќе заминат на одмор во Турција.Наместо тоа,тие имале купено авионски билети само за во еден правец, па по пристигнувањето во Турција, се префрлиле во Сирија и им се приклучиле на
тамошните џихадисти.