Британски експерти ќе се вклучат во проучувањето на локалитетот „Костоперска карпа“

Локалитетот „Костоперска Карпа“ ќе го истражуваат и професори од Англија, од Универзитетот Сауттемптон, Единбург, Оксфорд, пренесува МИА.

Како што најави директорката на Музејот во Куманово Анита Цветновска, проекот ќе трае наредните четири години, а добил поддршка од Управата за заштита на културното наследство и од Министертвото за култура.

– Фокусот е ставен на регионот на „Костоперска Карпа“ во Младо Нагоричане познато уште како Жеглиговски камен или Мала Света Гора. Таму, според нашите археолози, има најмалку три населби и остатоци од над 20-тина цркви, рече Цветановска на прес-конференција.

Раководител на проектот ќе биде проф. д-р Дргана Младеновиќ од Универзитетот од Сауттемптон. За ко-раководители се назначени професори од Оксфорд и Единбург. Од Македонија ќе учествува Дејан Ѓорѓиевски.

– Проекот ќе трае до 2018 година. Ќе се работи со геоскенирање и археолошко сондирање. Археолозите од Англија ќе употребат свои инструменти, додека нашите инструменти набавени од Шведска по што ќе се споредат искуствата, истакна директорот на Управата за заштита на културно наследство Виктор Лилчиќ.

Според археологот Дејан Ѓорѓиевски од Музејот во Куманово, следната недела ќе дојде раководителот на проектот кој прво ќе се запозне со теренот и ќе утврди која метода најмногу ќе одговара за понатамошните истражувања. Ќе се проучува и архивата со која располага Музејот. За наесен се планирани пообемни истражувања.

фото: МИА