Британски хирург се потпишал на орган на пациент

Британски хирург, по извршената операција се потпишал на органот на својот пациент.

„Скај њуз“ пренесе дека иницијалите на црниот дроб на хирургот ги забележал негов колега кој вршел операција на пациентот после неколку дена. За време на операција во државната болница во Бирмингем, Сајмон Брамхол напишал СБ на црниот дроб на пациент кому му извршил трансплантација.

Хирургот  го „жигосал“ црниот дроб на пациентот со аргон ласер кој  вообичаено се користи  за да се поврзат крвните садови при хируршки интервенции. Експертите велат дека може да се направи знак на површината и дека тоа не е штетно.

Од болницата за „Скај њуз“ потврдиле дека хирургот кој си мисли дека е уметник е суспендиран.