Британски инвеститори: Македонија има одлична бизнис клима

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски вчера одржа бизнис форум во Лондон на кој присуствуваа над стотина компании од различни области како што е финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото.

Директорот на компанијата Томас Милер Инвестмент, Аби Олтаџмент изјави дека на форумот имал можност да дознае многу информации во врска со инвестициската клима во Република Македонија.

-Сметам дека ова е многу добар информативен настан. Она што можев да го забележам е дека македонската Влада е посветена кон привлекувањето на странски инвеститори. Премиерот ги појасни поволностите за инвестирање во Македонија и можам да кажам дека со оглед на големината на земјата, станува збор за неверојатни услови. Врз основа на она што го слушнав сметам дека Македонија има одлична клима за инвестирање, Олтаџмент.

Директорот Клас Смит Солбејкер кој ја предводи компанијата Арбан Груп која доаѓа од финансискиот и консалтинг сектор изјави дека Македонија може да понуди многу интересни можности за инвестирање, особено во сферата на банкарството.

-Македонија може да понуди напредни можности за банките кои инвестираат, како и различни фондови кои би стартувале фабрики во Македонија, со оглед на тоа што македонската Влада нуди олеснувања во однос на даноците. И повеќе од јасно е дека Владата во Македонија им овозможува на инвеститортие поволни можности за инвестирање, но не е само тоа. Станува збор и за инфраструктура која се нуди, почнувајќи од објекти, интернет како и фантастична клима за компании кои сакаат да инвестираат, изјави Смит.