Британски малолетници уапсени за убиство

Лондонската Метрополитен полиција соопшти денеска дека четворица малолетници се уапсени и задржани на сослушување, откако беа обвинети за убиство на еден 52-годишен лондончанец.

Трагичниот инцидент се случил во лондонскиот кварт Едмунтон,во Енфилд,по една вербална расправија на група малолетници со жртвата.

Човекот бил неколкупати смртно избоден со нож.Жената со која бил во друштво, кога настанал инцидентот,повикала полиција и брза помош,но човекот набргу починал.

Четворицата обвинети за убиството, се момчиња на возарст меѓу 13 и 14 години.

Нивниот идентитет не се открива,освен што полицијата објаснува дека убиството се случило поради една премногу гласна забава што се одржувала во истиот станбен блок,во кој живеел и убиениот.Забавата се одржувала во друг дел од блокот,но толпата малолетници сакала да поиме покрај станот на убиениот за да оди на забавата.Човекот се обидел да ги запре малолетниците,сметјаќи дека бучавата ќе биде уште поголема доколку на неа отидат сите од квартот.

Тој и малолетниците прво почнале да се расправаат,а потоа човекот бил брутално нападнат и убиен.

Претставник на лондонската полиција изјави дека станува збор за еден „шокирачки брутален напад„ во кој е убиен сосема невин и мирен сограѓанин на Лондон.

– Една мала вербална расправија прерасна во брутално насилство„-изјави овој претставник,прифаќајки го сознанието дека деца на оваа возраст тргнале на забава вооружени со ножеви.