Британски медиуми: Малезискиот авион е соборен од украински ловец

Британската медиумска куќа Би Би Си најави дека ќе емитува шокантен документарен филм за соборувањето на малезискиот патнички авион Боинг над Донбас во јули 2014-тата година.

Како што пренесува британскиот весник „Сандеј Експрес“ во тексотот со наслов „Украински ливец го соборил малезискиот МН17“ чиј автор е Дејвид Стефенсон, филмот е полн со нови дерали за трагедијата.

Меѓу тие декали е и онаа најважната – дека Британците во филмот вклучиле искази на очевидци што им раскажале дека на небото над гратчето Снјежноје, каде што се случила трагедијата, виделе два авиона. Некои дури раскажуваат дека го виделе и „лансирањето на ракетата“, а потоа дека слушнале експлозија.

Ова подразбира дека малезискиот Боинг бил соборен од украински ловец, а не од страна на руски сепаратисти од Донбас, со ракета од типот земја-воздух од земјата.

„Сандеј Експрес“ тврди дека Би Би Си во филмот го вклучил и сведочењето на Наталија Беронјина која што тврди дека еден миг пред експлозијата видела „два авиони“ и нагласила дека вториот веднаш потоа се свртел и почнал да лета во „спротивна насока“.

Според истиот весник, во филмот е разработена и можноста во трагедијата да биле вмешани и американските и холандските тајни служби.