недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

Британски медиуми: Новак сакаме да те мразиме, престани да бидеш толку фин!

nole

Поврзани вести

Новак Ѓоковиќ, сакаме да те мразиме затоа што го победи Енди Мареј, можеш ли да престанеш да бидеш толку фин? – ова е насловот во еден англиски весник, поврзан со хуманитарната акција на Ѓоковиќ.

Светскиот рекет бр. 1 после големата шеста победа на Австралија Опен ја посети хуманитарната организација „Мелбурн Сити Мишн“, која им помага на некои од најзагрозените групи деца во Мелбурн, играше со дечињата и во име на неговат фондација донираше 20.000 долари како поддршка за нивната работа.

– Тој е најдобриот тенисер во светот и некој кој неодамна му го скрши срцето на Енди мареј, победувајќи го во финалето на Австралија опен. Но веднаш откако по шести пат го освои Австралија опен, Ѓоковиќ ја покажа и својата друга страна – ги освои срцата како шампион на хуманоста. Дури и најзагрижените фанови на Марејмораат да признаат дека е невозможно да не се сака Ѓоковиќ, напиша британски „Дејли Рекорд“.

Најчитани вести